Хуманитарен настан со натпревари во футсал и ракомет

Со натпревари во футсал и ракомет денес се реализираше најавениот хуманитарен настан кој го организираше ученичката заедница при деветолетката Св.Климент Охридски.

-Ученичката заедница на нашето училиште денес организираше хуманитарен настан, турнир во футсал машки, во кој земаа учество екипи од нашето училиште и турнир во ракомет женски со екипи од Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“ и Општинското основно училиште „Ванчо Прке“. Голема благодарност на нашите хумани граѓани, бизнис секторот, локалната самоуправа, директорот на нашето училиште и директорот на гимназијата кои ни овозможија да го реализираме овој настан, истакна ученичката Андреа Димитровска.

Во натпреварот во футсал во машка конкуренција натпреварот заврши со резултат 1:3, додека во ракомет во женска конкуренција победија ракометарките од Ванчо Прке.

Сепак резултатот како што истакнаа организаторите беше во втор план, бидејки најважно од се на денешниот настан како што истакнаа е неговиот хуман карактер.

Настанот ќе биде од огромна полза за реализирање на дел од програмата на деветолетката со целосна вклученост на сите ученици, без притоа некој да се почувствува изземен од средината и активностите кои се спроведуваат, а за кои понекогаш без хуманоста и помошта од горе наведените страни тоа е невозможно.

Хуманитарен спортски настан во организација на ученичката заедница на деветолетката „Св.Климент Охридски“

Хуманитарен спортски настан во организација на ученичката заедница на деветолетката „Св.Климент Охридски“

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, April 10, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*