Забраната за внес на македонско месо во Бугарија, негативно ќе влијае по трговците и продавачите, особено во општините од пограничниот регион, каде граѓаните од соседството за Велигден се меѓу најчестите купувачи, особено на јагнешко месо. Дека забраната за увоз на македонско месо негативно ќе влијае на продажбата, потврди Страшо Ангеловски, сопственик на месарница во која веќе почна да се чувствува намалувањето на побарувачката.
-Секако дека забраната за увоз на македонско месо ќе има последици, бидејки на бугарските граѓани на граница им е забрането да внесуваат месо од овде, наводно поради болест, која сепак се јавува кај нив во Бугарија, а не овде. Меѓутоа забраната за внес на месо од Македонија е на сила во Бугарија и таа фреквенција што ја имавме од бугарските граѓани е намалена скоро на нула, вели Ангеловски.
Додава дека за празници, а особено за Велигден, бугарските граѓани се снабдувале со месо претежно од Делчево.
-Купуваа речиси се од јагнешки ситнеж, џигер, чкембе и црева до свинско и телешко месо. Сега за празниците ќе се базираме, претежно на нашите домашни купувачи, додава Ангеловски.
Моменталната цена на јагнешкото месо во Делчево е 300 денари за килограм, но како што додава Ангеловски за празниците вообичаено цената се зголемува, па така се очекува еден килограм јагнешко месо за Велигден да достигне цена од 300 до 330 денари.
ЗАБРАНАТА ЗА УВОЗ НА МАКЕДОНСКО МЕСО ЈА НАМАЛИ ПОБАРУВАЧКАТА ВО ДЕЛЧЕВСКИТЕ МЕСАРИ
ЗАБРАНАТА ЗА УВОЗ НА МАКЕДОНСКО МЕСО ЈА НАМАЛИ ПОБАРУВАЧКАТА ВО ДЕЛЧЕВСКИТЕ МЕСАРИ
Posted by delcevo365.mk on Thursday, April 11, 2019
Leave a Reply