Партијата за демократски просперитет на Ромите претставена во Делчево

Околу 600 присутни од сите градови во источна Македонија присуствуваа на официјалното претставување на новата политичка партија „Партија за демократски просперитет на Ромите“ со седиште во Делчево.

Покрај благодарноста за големата поддршка од присутните претседателот на партијата Аксел Ахмедовски, инаку поранешен министер без ресор ги претстави и стратешките приоритети и насоки по кои ќе се движи партијата.

На прашањето како ќе настапат на претстојните претседателски избори, Ахмедовски истакна дека „тие се за соработка со сите политички субјекти“, а конечниот став ќе го донесат на претстојниот централен комитет закажан за во недела 14 април.

Еве го обраќањето на претседателот на  ПДПР, Аксел Ахмедовски во Делчево.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*