Богатиот ракометен викенд во Делчево започнува утре, 13 април со почеток во 11 часот кога во спортската сала М.М.Брицо силите ќе ги одмерат женските кадетски екипи на Брегалница плус и Шампион.
Во вториот термин со почеток од 14:30 часот кадетките на РК Делчево ќе ги угостат врсничките од екипата на Овче Поле, додека кадетите на РК Делчево својот натпревар го играат утре во 16:30 кога во спортската сала ќе гостува кадетската екипа на РК ,,Макалоски” од Прилеп.
Во недела, 14 април 2019 возбудувањата продолжуваат во пионерска конкуренција. Со почеток во 13:30, ЖРК Делчево ќе ја пречека екипата на ЖРК ,,Ѓорче Петров”.
Одлична понуда за сите љубители на спортот, а особено на ракометот да погледнат 4 интересни натпревари кои се надеваме дека ќе им донесат нови победи на екипите од Делчево.
Leave a Reply