Одржана четвртата изложба на олдтајмери во Делчево

Во организација на здружението ,,Кралеви на патиштата”, во Делчево се одржа 4 изложба на олдтајмери. На популарното ,,Ретрокар шоу – Делчево 2019″, учествуваа над 70 возила како од градот домаќин, така и од неколку градови од Бугарија, Србија и Грција. Ова беше причината организаторот Лоренцо Трајановски кој е претседател на делчевското здружение во целост да биде задоволен од настанот.
 

-По 4 пат во Делчево го организираме овој настан кој го побуди интересот кај сооствениците на стари автомобили кои ги имаше од неколку земји од Балканот. Задоволни сме што од година во година интересот за учество расте и се надевам дека оваа манифестација ќе прерасне во традиција. Имаме доста стари автомобили од американски бјуик, до познатата руска волга, шведски сааб и други возила кои со љубов се негувани од нивните сопственици, рече Трајановски.

Прекрасна колекција на денешното „Ретрокар шоу – Делчево 2019“

Posted by delcevo365.mk on Saturday, April 13, 2019

Организаторот додели три награди за учесниците, а наградата за најстар автомобил замина во рацете на скопјанецот Љупчо Трајковски и неговиот ,,опел капитан” произведен 1941 година.
 

-Автомобилот датира од пред 78 години, има мотор со шест цилиндри, 2500 кубика, 55 коњски сили, максимална брзина достигнува 130 километри на час, 13 литра потрошувачка и 13 тони тежина. Автомобилот го имам од пред 10 години, беше оставен на заб на времето, успеав да го реставрирам. Во Делчево дојдовме на покана на вашиот клуб каде гледам познати лица со нивните возила со кои се знаеме од други манифестации. Благодарност до организаторот за наградата, истакна Трајковски.

Од доделувањето на наградите на учесниците на четвртата изложба на олдтајмери

Posted by delcevo365.mk on Saturday, April 13, 2019

По завршувањето на церемонијата на доделување награди учесниците направија дефиле низ делчевските улици при што беа бурно поздравени од граѓаните. Четвртата изложба на олдтајмери се реализираше под покровителство на општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*