Работилница: Управувањето со човечките ресурси клучен дел за успешна работа на секоја организација

Во рамки на проектот  „Едукативен центар за безбедности здравје при работа во Источен плански регион“ во Делчево се одржа втората работилница наменета за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации. На работилницата, како што информираше проектниот координатор Родне Деолска се дискутираше за моменталните состојби во делот на управувањето со човечки ресурси.
-Работилницата имаше за цел да ги утврдиме состојбите во делот на регрутирање и управување со кадар, колку се посветува внимание на оваа област и кои документи треба да ги поседува невладиниот сектор за да биде успешен во управување со човечките ресурси. Неколкучасовната работилница се одвиваше кобинирано со дискусија на која присутните споделија свои позитивни, но и негативни искуства како и предлози затоа како да се постават формални процедури за управување со HR, но и како сето тоа да се реализира успешно во пракса.  Генералниот заклучок е дека треба да се сфати значењето и суштината кои ги има оваа област за успешно функционирање на секоја организација и институција.
Додава дека проектот ќе се реализира во период од 8 месеци ќе биде поделен во три фази од кој првата фаза ќе биде комплетно наменета за работилници за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во делот на организациска самопроценка, управување со човечки ресурси и финансиско работење.
-Како дел од активностите во втората фаза планирано е формирање на мрежа на граѓански организации кои дел од својата работа ќе ја насочат кон промовирања и залагања во областа безбедност и здравје при работа што ќе биде регулирано со меморандум за воспоставување мрежа и акциски план врз основа на кој ќе се одвива работењето на мрежата, дополни Деолска.
За реализација на проектот е предвидена и третат фаза која ќе се одвива паралелно со првите две и ќе се однесува на формирање центар за БЗР за источен плански регион кој на едно место ќе ги координира сите заинтересирани страни кои директно или индиректно се вклучени во активности за безбедност и здравје при работа . Како целни групи ќе бидат опфатени граѓанските организации, бизнис секторот, стручната јавност и медиумите од источно планскиот регион.  Проектот чиј носител е Регионалниот центар за застапување од Делчево е финансиран од Европската Унија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*