Викендов ракометните екипи од Делчево одиграа 4 натпревари кои беа вистинско уживање за љубителите на спортот од нашиот град. Во рамки на денешниот одигран натпревар во пионерска конкуренција женската пионерска екипа на РК Делчево одигра врвен натпревар во кој ја наполнија мрежата до врв на гостинската екипа на РК „Ѓорче Петров“ која постигна само 8 погодоци наспроти 30 гола на домашната екипа. Со оваа победа широко се отвораат вратите за екипата на РК Делчево за настап на женскиот фајнал фор во пионерска конкуренција. Синоќа во преполната сала во гимназијата Методи Митевски – Брицо цврст машки натпревар се играше помеѓу кадетите на РК Делчево и екипата на РК Макалоски. Делчевци одиграа максимално пожртвуван натпревар и на крај заслужено победија со 4 голови разлика.
Претходно во 14:30 часот се одигра натпревар во кадетска женска конкуренција, помеѓу домашната екипа на ЖРК Делчево и ЖРК Овче Поле. Беше тоа цврст женски натпревар помеѓу две изедначени екипи во кои подобро се снајдоа гостинките од Свети Николе.
Овој викенд натпревар од редовното коло во кадетска конкуренција одиграа и девојчињата на ЖРК Брегалница Плус кои беа поразени од врсничките од ЖРК Шампион.
Leave a Reply