Одбележувањето на патронот започна пред споменикот на Брицо во дворот на гимназијата, каде делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, директорот на училиштето Љупчо Прачковски, како и делегации од институции од Делчево се поклонија и положија свежо цвеќе.
Во своето обраќање директорот Прачковски потсети на улогата и значењето на ликот и делото на патронот Брицо во воениот и повоениот период, како и на неговата заслуга за развој на Делчево во современа градска средина.
Тој додаде дека со поддршка на Општина Делчево се реализираат низа активности, а во моментов се инвестира во подобрување на условите за работа во старата училишна зграда, каде е при крај изградбата на енергетско-ефикасна фасада која треба да донесе и до 30% заштеда на енергија, а опремен е и современ кабинет за потребите на прехранбената струка.
Трајковски истакна дека се продолжува во таа насока и го најави вториот семинар во Делчево за „Иновации, прогрес и дигитален свет“ кој се организира со поддршка на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ на 17 април во ресторан „Либеро“, каде се очекува присуство на околу 200 средношколци Делчево, Виница, М. Каменица, Берово и Струмица.
Брицо зазема доста високи функции во владата на Македонија како секретар, а во 1960 год. е наименуван за државен секретар по замјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија и како член на Политбирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија. Тој добивал и повеќе ордени меѓу кои најзначајни се: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единстви од II ред. Брицо живеел 38 години од неговиот живот, но целосно поставен за Македонија. Тој несреќно загинува во водите на Охридско Езеро.
Leave a Reply