Повторно им се посреќи на делчевци. Изгребан Samsung S9 во Делчево!

Игрите на среќа ги прати храбрите и оние кои играат, а доказ за тоа е новиот добитник, овојпат припадничка на понежниот пол. Се работи за нашата сограѓанка Галина Зафировска која во играта на среќа на Лотарија на Македонија „Среќен роденден“ изгреба „ганц“ нов Samsung S9.

Претходно во два наврати наши сограѓани изгребаа на два пати по 300 илјади денари, а за големите добивки во минатото често имаме пишувано.

На среќната добитничка Галина Зафировска и посакуваме со среќа да си ја користи новата „играчка“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*