Се подготвува 4-тата улична трка во Делчево

Се подготвува четвртото издание на трката низ улиците на градот Делчево која секоја година се одржува по повод патронот на градот Делчево 24 Мај – Ден на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“.

Оваа година уличната трка е со мотото „Трчај, оди-цело семејство здрав живот води!“

За трката за деца до 9 год. (односно трето одделение) децата трчаат во придружба со родител.

На слободната трка може да се пријавуваат сите заинтересирани кои не се спаѓааат во категориите на претходните трки (пензионери, екипи од институции или фабрики…).

Пријавувањето се врши ИСКЛУЧИВО по електронски пат НАЈДОЦНА до 15 мај, 2019 год.

Секој пријавен има право да учествува само на ЕДНА трка!

Стартните броеви ќе се подигаат од 16-21 мај, 2019 год, а за местото на подигање ќе бидете дополнително известени!

Пријавете се тука,  а наскоро ќе може да се пријавите и со кликнување на официјалното лого на трката на банер кој ќе биде поставен десно на нашата веб-страница www.delcevo365.mk.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*