Шеќеринска од Делчево: Младите кажаа државата да продолжи напред

Младите во нашата држава веќе кажаа дека сакаат државата да продолжи напред. Дека не сакаат да губат време на политички кавги и на политички делби, како и на прашања од минатото и на кавги од минатото. Ова денес на средбата со младите од Делчево го истакна заменик претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска.
 
-Токму затоа поддршката од сите млади од цела држава е голема кон кандидатот за претседател Стево Пендаровски, заради тоа што во него гледаат шанса, навистина да изградиме држава коај ќе биде безбедна. Тоа ќе го донесе НАТО членството, но и ќе создава многу шанси за младите, а тоа ќе се постигне со членството во Европската Унија, рече Шеќеринска.
 
Ние сме на само неколку километри од границата со Европската унија и токму младите во Делчево имаат прилика да видат колку Бугарија драстично се промени со членството во НАТО, а потоа и во Европската Унија. Сакаме тоа што им беше овозможено на младите во Бугарија да го овозможиме и за нашите млади, додаде Шеќеринска.
 
-Тоа се големи фондови за развој на образованието, големи фондови за студирање во странство, меѓутоа исто така и за равој на локалната инфраструктура и на создавање на нови мали и средни претпријатија кои ќе го зголемат интересот на младите. За да оди напред државата, таа мора да ги решава сите проблеми, за да државата ги решава сите проблеми ни требаат луѓе кои што сакаат не само да зборуваат, туку кои што сакаат да ги решаваат тие проблеми и во името на следните генерации, дополни Шеќеринска.
 
Не ни требаат претседатели кои во текот на кампањата прв пат си ги гледаат општините и народот. Ни требаат претседател кој го знае својот народ кој ја поминал нашата држава и хоризонтално и вертикално, кој што влегол во секое село и град и кој ќе обезбеди сите ние да обезбедиме повеќе шанси за овие млади, истакна на крај од средбата со младите од Делчево потпретседателката на Владата и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*