Ракометарките од ООУ “Ванчо Прке” победници на зонскиот турнир во Делчево

Денес во Делчево се одигра зонски турнир за ракометарки од шесто и седмо одделение. Учествуваа екипите на деветолетките “Св.Климент Охридски” и “Ванчо Прке” од Делчево и “Св.Кирил и Методиј” од М.Каменица. Постигнати беа следните резултати:

  • Св. Климент Охридски 03-14 Ванчо Прке
  • Св.Кирил и Методиј 09-12 Климент Охридски
  • Ванчо Прке 18 – 11 Св.Кирил и Методиј

Според резултатите победник на зонскиот турнир за ракометарки од 6 и 7 одделение е екипата на деветолетката Ванчо Прке.

Честитки до ракометарките на кои им посакуваме многу успех во понатамошните натпревари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*