ЈПКД „Брегалница“ инвестираше во набавка на нова механизација

Делчевското Јавно комунално претпријатие „Брегалница“, набави нова градежна машина за потребите на претпријатието. Се работи за нова машина ровокопач-утоварач чија вредноста на машината е 5,3 милиони денари. Инвестицијата е од сопствени средства на претпријатието и согласно со бизнис-планот за периодот 2019-2021 година.
 
Со новата машина значително ќе се подобри ефикасноста и ефективноста во работењето, истакна директорот Стојче Стојковски.
 
-Станува збор за машина марка хидромек, со моќност 75 киловати, наменета за потешки услови за работа, односно ќе служи за отстранување дефекти на водоводната и канализациската мрежа за расчистување наноси на патишта, уредување паркови, уредување на речното корито. Освен за ова, бидејќи машината има и плуг со пречник од 3,2 метри, може да се користи за зимско одржување на улиците во Делчево, рече Стојковски.
Градоначалникот Горан Трајковски потенцираше дека со оваа инвестиција се докажува дека со рационално планирање на средствата може да се одговори на потребите на граѓаните и на претпријатието.
 
-Со посветено, професионално и домаќинско работење може нормално да се функционира, но и да се инвестира во нова механизација која ќе служи за ефектитивно решавање на проблемите на граѓаните. Оставштината овде од минатата власт е разорно уништување по сите основи на единственото јавно претпријатие во Делчево, каде останаа долгови од 8 милиони денари и месечни рати за исплата од 4 илјади евра. Сепак, се смогнаа сили да се набави нова машина. Очекувам да се продолжи и во идниот период да се инвестира во нова механизација со што ќе се решава и горливиот проблем со старата механизација во претпријатието, рече Трајковски.
Во инвестицискиот циклус во изминативе неколку месеци, ЈПКД „Брегалница“ инвестирало сопствени средства во висина од 6,1 милион денари. Набавени се косилки и машина за потребите на Секторот за паркови и зеленило, во висина од 600 илјади денари, за потребите на филтер-станицата се набавени нови пумпи во вредност од 200 илјади денари, додека неодамна е завршена набавката на активен јаглен и кварцен песок за замена на филтрите во станицата во село Тработивиште кои не се заменети уште од нивното инсталирање. Вредноста на оваа инвестиција е во износ од 700 илјади денари и е во целост финансирана од општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*