Коњска Дупка – најисточна пештера во Македонија

Коњска Дупка е пештера која се наоѓа во село Град и е кратка пештера. Според досегашните сознанија таа е најисточната пештера во Македонија. Изградена е од варовнички карпи кои се појавуваат на мала површина веднаш покрај селото Град.

Самиот влез е широк, а таков е и почетниот внатрешен дел кој претставува мала пешетерска сала долга 12 метри и широка околу 3-4 метри. На крајот од салата на левата (северна) страна, речиси вертикално се искачува еден канал со должина од 8 метри. Истиот излегува на површината, поточно на едно зарамнување десетина метри над влезот во пештерата, но е многу тесен и непрооден. Пештерата Коњска Дупка е сиромашна со пештерски накит, меѓутоа пронајдени се археолошки траги од некогашно човечко присуство. Покрај тоа, присутни се пештерски накити и неколку лилјаци од видот тробоен ноќник.

Без оглед на малата должина од само 28 метри, пештерата Коњска Дупка и целиот простор околу неа се многу интересни. Посебно е восхитувачки погледот од влезот на пештерата кон стрмните карпи во долината на Вачин Дол и селото Град.

Пештерата гледана од нејзината долна страна
Туристи во посета на Коњска Дупка
Пештерата Коњска Дупка гледана од месото викано Градиште или во мештаните познато како Скалата
Село Град, Делчевско
Тврдината Градиште, село Град, Делчевско

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*