Мирен изборен ден на крајниот Исток

Како што почна така и заврши изборниот ден во четирите општини од крајниот исток на државата. Во Делчево до 18:30 часот во мирна и демократска атмосфера своето право на глас го оствариле 7416 гласачи, информирапе заменик претседателот на ОИК, Анка Христова.
 

-Денеска гласањето за Претседателските избори започна точно во 7 часот и се одвиваше во мирна и демократска атмосфера. Од вкупно 14.866 гласачи до 18:30 гласаа 7416 или 49,88 проценти, рече Христова.

Заврши гласањето за Претседателските избори во Делчево

Заврши гласањето за Претседателските избори во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Sunday, April 21, 2019

Сања Митревска, претседател на Оптшинската изборна комисија потврди дека гласањето во Македонска Каменица се одвивало во мирна и демократска атмосфера, со тоа што во оваа општина на Претседателските избори излегле 48,95 проценти од гласачите.
 
-До 18:30 часот заклучно со последниот пресек во Македонска Каменица гласале 48,95 проценти или 3240 гласачи од вкупно евидентираните 6619 гласачи. проблеми во текот на гласањето не беа забележани, рече Митревска.
 
Најголема излезност за Претседателските избори во четирите општини на крајниот исток од државата е забележана во во Пехчево. Како што соопшти Горан Котевски од тамошната општинска изборна комисија до 18:30 гласале 53 проценти од евидентираните гласачи.
 
-На 9 избирачки места до 18:30 часот на Претседателските избори гласаа 2185 лица ,односно 53 проценти од вкупно 4121 гласачи, информираше Котевски.
 
Според информацијата на Мишо Догазански од ОИК во Берово таму својот глас за еден од кандидатите на претседателските избори го дале 49,97 проценти од граѓаните кои гласале на изборите.
 
-Во Берово 5436 граѓани го оствариле своето право на глас до 18:30 часот. Во Берово во избирачкиот список беа евидентирани 10.983 лица, соопшти Догазански.
 
И во Берово како и во останатите општини од крајниот источен дел на државата се гласаше во мирна и демократска атмосфера.

Во 12 часот и 30 минути своето право на глас го оствари и делчевскиот градоначалник Горан Трајковски. Еве ја неговата изјава:

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО ГО ОСТВАРИ СВОЕТО ПРАВО НА ГЛАС НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО ГОРАН ТРАЈКОВСКИ ГО ОСТВАРИ СВОЕТО ПРАВО НА ГЛАС НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

Posted by delcevo365.mk on Sunday, April 21, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*