Во Виница еколошко дефиле за спас на планетата земја

Најлон, пластични ќеси, пластични лажички, хартија, се материјалите кои средношколци од СОУ ,,Ванчо Прќе“ ги рециклираа и моделираа создавајќи креации со кои денес дефилираа долж улиците во Виница одбележувајќи го датумот 22 април-ден на планетата земја.

-Во рамките на мировните активности, СОУ “Ванчо Прке“ реализира еколошко дефиле под мотото “Да ја спасиме планетата земја“. Ова еколошко дефиле беше организирано од тимот за мировно образование, а поддржано од првата Детска Амбасада “Меѓаши“. Моделите на ова еколошко дефиле беа изработени од учениците, а целта ни е да испратиме порака за поголема свесност и одговорност кон животната средина, рече Радмила Манчевска, координатор на тимот за мировно образование при СОУ “Ванчо Прќе“.

Подршка на денешниот настан со вклучување во истиот дадоа и учениците од основните училишта “Славчо Стојменски“ и “Гоце Делчев“.

Освен преку модели, ученицитте своите пораки за планетата земја ги упатија и преку транспаренти , а за најдобриот еко модел, Еко пак Хит од Кочани додели и вредна награда.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*