Инцидент – хумореска, К.Николовски

Хумореска на нашиот сограѓанин  Крум Николовски, објавена на 1 јуни 1976 година во Студентски збор.

Стојан, непосреден работник, вработен во земјоделскиот комбинат „Агросеме“, кој патем речено се бавеше со купо-продажба на текстил, порцелан и грначарија, веќе дваесет и пет минути стоеше под стреата, за да се засолни од овој пролетен дожд, чекајки автобус за работа. Автобусите се редеа еден по друг, но како и ова налудничаво пролетно време, де сонце де дожд, неговиот автобус каснеше. Најпосле, стаса! Стојан некако успеа да влезе во преполнетиот автобус.

Со Стојановиот Стомак нешто не беше в ред. На сето згора, турканицата во автобусот се зголемуваше. Притиснат од двете страни, а не по своја волја, Стојан испушти едно прдорно ТРРРРТТ… Во автобусот стана молк, а десетина погледи се вперија во него. Стојан се вцрви. Автобусот застана, а Стојан слезе две станици понапред. По него слегоа уште пет-шестмина.

Стојан некако по интуиција осети дека го следат, па го убрза чекорот. Истото го направи и толпата што го следеше. Стојан уште повеќе убрза, мислејки – зошто ли ме следат? Па тоа не е ништо. Може секому да му се случи..

-Еј другар застани! – слушна како еден зад грб му дофрли. Тоа беше капка во преполнетата чаша и Стојан почна да бега.

-Држете го! – викна еден од нив и се втурна по него. По кратко време го втасаа, а еден го зграпчи за рамо.

Аман, другари, проштевајте, не сакав, физиолошка појава..ете ми се испушти.. – почна со зарипнат глас самоуправувачкиот Стојан.

Чекај, бре другар, не те бркаме за ова, многумина тоа го прават во театар, в кино…туку кажувај итно каде најде ГРАВ, а?

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*