Студентите од УГД во посета на Рудник Саса

Студентите од насоките рударство и геологија на Факултетот за природни и технички науки, предводени од своите професори го посетија рудник „Саса“ М. Каменица.

Цел на оваа посета беше студентите да се запознаат со технолошкиот процес на експлоатација и подготовка на минералната суровина. Студентите влегоа во рударските јами, го видоа процесот на експлоатација, начинот на подградување и рударската механизација, потоа отидоа во погонот за флотација, каде ги разгледаа внатрешниот транспорт, добилките, млиновите, како и машините за флотација, се до добивање на финален производ, оловен и цинков концентрат.

На крај од работниот ден студентите беа видно изморени, но презадоволни од укажаната можност за посета на рудник Саса. Затоа упатуваме голема благодарност до менаџерскиот тим на рудникот.

Оваа посета е резултат на успешната и сестрана долгогодишна соработка помеѓу Факултетот за природни и технички науки и рудник „Саса“. Од минатата година рудник „Саса“ доделува по десет стипедии за судентите од насока рударство и геологија и пет за студентите од насоката инженерство за заштита на животната средина.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*