Работа во Делчево чекаат 9 магистри и 130 лица со високо образование

Работа во Делчево чекаат 9 магистри и 130 лица со високо образование. Ова е последниот податок кој за оваа општина може да се види на официјалната веб страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, според чија евиденција во Делчево во моментот работа чекаат 1.309 лица.
 
-Меѓу невработените 1.309 лица пријавени во Центарот за вработување во Делчево има 9 магистри и околу 150 факултетски образовани лица. Најбројни се барателите на работа без образование и со основно, вкупно 632, работа со завршено непотполно средно образование бараат 155 лица, 358 активни баратели на работа се со средно завршено бразование, додека 130 со високо образование. Со вишо образование се пријавени 20 лица, а најмал е бројот на невработени магистри, односно 9 лица. Нема невработени доктори на науки, потврдија од Центарот за вработување во Делчево.
 
Дополнуваат дека според националната припадност најмногу невработени се Македонци кои во вкупна бројка изнесуваат 1.224 лица, потоа вкупно 76 Роми се без работа, како и 5 лица од турска националност. По 1 невработен се од албанска и влашка популација.
 
Во однос на возраста според која се евидентирани активните и пасивните баратели на работа во Делчево најбројни се лицата од 55 до 59 години, односно вкупно 320. Потоа следуваат лицата до и над 60 години вкупно 248. Вкупно 181 невработени на возраст од 50 до 54 години има 181 лице, додека на возраст од 45 до 49 години вкупно 109 лица. Седумдесет и девет невработени се евидентирани на возраст од 25 до 29 и осумдесет и девет на возраст од 35 до 39 години. Од 30 до 34 години има 102 невработени, а од 40 до 44 вкупно 97 лица бараат работа. Работа чекаат и 67 лица од 20 до 24 години, додека најмалку невработени, односно 17 лица, има на возраст од 15 до 19 години.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*