Филателија: Колку поштенски марки се посветени на Делчево и околината?

Македонска пошта издава три вида поштенски марки: пригодни, редовни и доплатни. Пригодните се јубилејни поштенски марки и се издаваат според програма одобрена од Владата на Република Македонија. Редовните марки циркулираат во секојдневниот поштенски сообраќај и имаат различна тематика – архитектура, етнологија итн. Доплатните марки се печатат со одлука на Собранието на Македонија, а доплатата на услугата е наменета за хуманитарни цели.

Гореспоменатите поштенски марки се изработуваат во Бирото за филателија при Македонска пошта, кое годишно издава од 27.000 до 30.000 поштенски марки, на 18 различни теми. Тие што имаат каталошка вредност можат да се набават на филателистичките шалтери во главните пошти во Скопје, Битола и во Струмица, како и во продавницата за филателија во Охрид. Програмата поштенски марки овозможува да се направат тематски збирки со мотиви флора, фауна, културно наследство, спорт, екологија, Европа, а најмладите имаат можност да собираат детски поштенски марки.

Марките се издаваат од 1991 година односно од осамостојувањето на Македонија, а еве колку од нив се поврзани со Делчево и содржат мотиви од Малешевијата.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*