Најавениот песочен бран од Сахара видлив и во Делчево

Мачно, магливо и прашливо. Вака денес изгледаше небото над Делчево како резултат на најавениот песочен бран од Сахара кој како што велат метеоролозите е идеален за појава на алергии.

Силното југозападно воздушно струење во државава донесе многу мачнини, многу заматена и нечиста атмосфера и лошење, а најавите на метеоролозите велат дека силната бура на прашина и на песок кој доаѓа од Сахара и понатаму ќе доаѓа со уште поголем интензитет. Атмосферата е толку многу исполнета со пустински песок и прашина што и сонцето ја немаа онааа целосна јачина да грее.

Препорака до граѓаните е тие до крајот на неделава да бидат крајно претпазливи и да се заштитат од појава на алергии кај поединци кои се осетливи на вакви временски ситуации.

Граѓаните исто така се советуваат во никој случај да не ги ставаат алиштата да се сушат надвор поради тоа кога ќе дојдат во допир со правот и тоа како може да дојде до појава на алергии. Инаку оваа силна бура на прашина и песок од Сахара се очекува да заврши во недела кога истата треба конечно да си замине од нашите краишта.

Еве како низ фотографии во Делчево изгледаше оваа појава.

Правот од Сахара со видливи траги на делчевските автомобили
Сахарскиот песок забележлив и во Панчево, Србија

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*