Драги браќа и сестри во Христа, Црквата Успение на Пресвета Богородица ве известува дека и оваа година по Божја промисла благодатниот оган што слегува во Ерусалим само на православниот Ерусалимски Патриjарх, ова лето Господово во Македонија ќе го донесе Митрополитот Брегалнички г. Иларион и ќе биде разнесен низ цела Македонија.
Со негов благослов организацијата “Воскресение ” ќе го донесе благодатниот оган во Делчево и Македонска Каменица како и во Кочани, Оризари, Зрновци, Подлог, Виница, Македонска Каменица, Кратово. Благодатниот оган ќе биде однесен и во Свети Николе, Радовиш и Лесново во лесновскиот манастир, Штип.
Повелете сите верни со молитва и радост во срцата да го дочекаме Христовото воскресение и благодатната светлина да ја однесеме во нашите домови , да ни се исполнат домовите со радост и среќа.
Ве поздравуваме со торжествениот поздрав
” ХРИСТОС ВОСКРЕСНА НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА “
Leave a Reply