Прес конференција на Партијата за демократски просперитет на Ромите

Партијата за демократски просперитет на Ромите во вториот круг ќе го поддржи кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Ова вечерва на прес конференција од Делчево го истакна претседателот на ПДПР Аксел Ахмедовски, кој рече дека одлуката е донесена по денешната заедничка средба со потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.
 
-Од денешната средба со потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски и од извршените консултации со формираните општински организации на Партијата за демократски просперитет на Ромите и од извршената анализа на терен, ПДПР на својот централен одбор донесе одлука, во вториот круг од претседателските избори да го поддржи кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Ја користам оваа прилика да ги повикам нашите симпатизери, целото наше членство и сите Роми во државата да го дадат својот глас за кандидатот Стево Пендаровски, рече Ахмедовски.
 

По одржаната прес-конференција, Партијата за демократски просперитет вечерва во Делчево во присуство на потпретседателите на партијата, ги избра членовите на извршниот одбор на партијата за општина Делчево, при што за претседател на општинската организација на ПДПР во Делчево беше избран Зенил Ибраимов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*