Жителите од Први и Втори Реон ја одржаа традиционалната Велигденска средба

Жителите од делчевските населби Први и Втори реон и годинава ја продолжија традицијата стара 13 години и на местото викано Мемишов Рид повторно на вториот ден од Велигден организираа заедничка средба на која присуствуваа над 200 жителите од овие две населби. Годинава честа да биде кум на средбата му припадна на младиот Златко Златковски.
 
-Ова е средба која има своја мала историја. Имено, во минатото поради тоа што долги години беше суша без дождови, постарите жители од Први и Втори реон се „зарекоа“ да направат еден објект на местото викано Мемишов рид, каде е обречена и заедничка трпеза на љубовта. Ова ни е 13 година како тука што се собираме, доаѓаме од сабајле од 6 часот, палиме свеќа на икона која има преседено во црква. Тој што е кум дава јагне, а за возврат ја зема иконата и ја чува дома се до наредната година, вели Златковски.
 
Славе Михаиловски е еден од најпостојаните членови на одборот кој брои дванаесетина членови.
 
-Во одборот сме вкупно 12 помлади и постари членови. Се организираме една недела пред да го организираме заедничкиот ручек. Се собираме околу 200-300 луѓе заедно со децата и секој за ручекот како за адет дава кој колку може. Задоволни се сите од оваа организација и ќе продолжиме да се собираме и понатаму, истакна Михаиловски.
 
Ваквите собири се забележани и на други места помеѓу населението од делчевско. 
Благодарност за видеото до Љупчо Чучуковски.

Велигденска средба по 13 пат во организација на жителите од населбите Први и Втори Реон

Велигденска средба по 13 пат во организација на жителите од населбите Први и Втори Реон

Posted by delcevo365.mk on Monday, April 29, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*