Учениците од “Св.Климент Охридски” меѓу најдобрите на државниот натпревар по географија

Вредните ученици и нивните ментори од ООУ„ Св. Климент Охридски“ Делчево со голем успех се вратија од Државниот натпревар по географија на кој освоија вкупно 6 награди. Тројца ученици ги освоија првите места додека тројца се пласираа на третото место што е одличен успех на младите ученици од оваа делчевска деветолетка.

Меѓу оние кои освоија награди се најдоа следните ученици:

Андреа Димитровска – прва награда
Стефанија Ќурчиска – прва награда
Ева Ивановска – трета награда
Ева Ристовска – трета награда
Ментор Ѓорѓи Багевски

Ива Ивановска – прва награда
Мила Сугарева – трета награда
Ментор Bасилка Николовска

Честитки до учениците и нивните ментори на кои им посакуваме уште многу успеси во понатамошните натпревари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*