Во тек пријавувањето за 4-тата улична трка во Делчево

Во тек е пријавувањето за четвртата улична трка која по повод 24-ти Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Како што информираше Дејан Златковски од здружението „Драмас“, кое е организатор на трката, пријавувањето трае заклучно со 15 мај.
 

-Оваа година мотото на трката е „Трчај, оди, цело семејство здрав живот води“. Целта ни е, да го зголемиме спортскиот живот во градот Делчево. Освен стандардните трки на 2,5 километри и 5 километри, новина годинава е групната трка за дечиња до 9 години, каде ќе мора да се вклучат родителите како и слободната трка на 2,5 километри на која освен трчање е дозволено и одење. Пријавувањето е електронски на социјалните мрежи и ќе трае до 15 мај, информира Златковски.

Инсерти од минатогодишната трка – Архива 2018
Со цел да се почувствува спортскиот дух, македонскиот кик боксинг репрезентативец Борче Ивановски, кој е минатогодишен победник, порача граѓаните масовно да се пријават за оваа трка.
 
-Јас би дал апел до секој кој се чувствува подготвен, да се пријави на оваа трка, не е важно во која категорија, важно е само да се пријави, со тоа што секој ќе може да ги тестира своите можности. Се надевам многумина ќе го откријат својот талент и своите можности, што потоа ќе придонесе понатаму и професионално да се бави со овој спорт, истакна Ивановски.
Трката пред 4 години започна да се организира на иницијатива на иселеникот Драган Стоиловски и Здружението на македонски иселеници во Швајцарија и Франција „Рефрама“. Трката се организира по повод патронот на град Делчево, а досега електронски се пријавиле околу 100 учесници. Организаторите апелираат сите кои планираат да учествуваат да побрзаат и да се пријават до 15 мај, со што навремено ќе бидат регистирани во системот за учество на четвртата улична трка во Делчево.
Линк за пријавување ТУКА

Во тек пријавувањето за 4-тата улична трка во Делчево

Во тек пријавувањето за 4-тата улична трка во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, May 2, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*