Делчево дел од иницијативата за основање меѓуопштинско јавно претпријатие

Делчево се приклучува на иницијативата за основање меѓуопштинско јавно прeтпријатие за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион. Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка за формирање јавно претпријатие за управување со отпад во двата региони ја усвои делчевскиот Совет на својата 22 седница, одлука со која, како што истакна општинскиот секретар Владимир Мерзликин, продолжува дореализацијата на деценискиот процес за отворање современа регионална депонија.
 
-Процесот за формирање на регионалната депонија во Мечкуевци, Општина Свети Николе се отвора токму со формирањето на јавното претпријатие, што значи дека тоа ќе биде краен корисник на проектот што е и предуслов за искористување на предвидените грант-средства. Оваа иницијатива за отпочнување на меѓуопштинската соработка е доставена на усвојување до сите 17 општини од двата региони,а предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка е поднесен од градоначалникот на Општина Куманово, како најголема општина во двата региони, истакна Мерзликин.
 
Се до конечното воспоставување на системот за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион и Општина Свети Николе, како што дополни Мерзликин, процесот ќе го координира Министерството за животна средина и просторно планирање.
 
Средствата за реализација на овие активности се обезбедени преку ИПА 2 повикот од Секторската оперативна програма за животна средина за програмскиот период 2014-2020 година. 

 

 
 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*