Нема упис во прво одделение без доказ за примена вакцина!?!

Ниту едно дете нема да биде запишано во прво одделение доколку неговите родители не достават доказ за примена МРП вакцина. Оваа одлука денес Владата ја соопшти на прес конференција.

-Вакцинацијата е задолжителна. Во прво одделение нема да можат да се запишат лица кои не се вакцинирани. Интенцијата е мораме да го подигнеме степенот на имунизација на сите граѓани со цел да ја спрчеиме епидемијата на морбили. Основното образование е задолжително, тие деца треба да одат и ќе одат на училиште, истакнаа денес владини претставници.

Во моментот во цела држава е прогласена епидемија од морбили и на сила се посебни мерки за заштита. Бројот на заболени досега е над 1000 заболени лица во повеќе градови во државата. Во Делчево според последните информации околу 50 лица не примиле вакцина против морбили.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*