ДИК во Делчево го заврши доставувањето на доверливиот изборен материјал

Делчево и Македонска Каменица се последните општини во кои денес Државната изборна комисија го достави доверливиот изборен материјал за вториот круг од Претседателските избори. Стручни служби на ДИК изготвија записник и материјалот го предадоа во рацете на членовите на Општинската изборна комисија во Делчево. Со оваа постапка како што истакна претседателот на Општинската изборна комисија Владимир Петровски, се исполнети сите услови, во недела, беспрекорно да се реализира изборниот процес.
 
-Во Делчево во недела на Претседателските избори 2019, право на глас имаат вкупно 14.673 лица, кои ќе можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места. Ден претходно, во домашни услови, ќе гласаат вкупно 237 болни и изнемоштени граѓани, кои претходно се пријавија во ОИК и им беше одобрено барањето за гласање во домашни услови, соопшти Петровски.
 
Додава дека бројката на болните и изнемоштени лица, која е поголема од онаа во првиот круг од изборите е поради новите 45 одобрени барања за гласање во домашни услови.
 
Во Македонска Каменица доверливиот материјал беше примен од страна на Општинската изборна комисија од каде соопштија дека во вториот круг во Македонска Каменица на вкупно 17 избирачки места ќе гласаат 6619 лица. Ден претходно во оваа општина ќе гласаат 37 болни и изнемоштени лица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*