„За чиста, здрава и убава околина“ – акција на волонтерите на Црвен крст

Волонтерите од Црвен крст Делчево денес ја реализираа активноста „За чиста, здрава и убава околина“. Активноста се реализираше со помош на учениците од училишниот клуб при деветолетката Св.Климент Охридски, а сактивностите се одвиваа кај детското игралиште позади црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево. Се фарбаа клупи, се собираше ѓубре, се чистеше игралиштето од сето она што не треба да се наоѓа таму.

Со ваква младина градот не треба да се плаши за својата иднина. Едно големо БРАВО за младите волонтери од Црвен крст Делчево.

Еве еден колаж од акцијата на младите волонтери од „Св.Климент Охридски“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*