Црковно-народен собир кај манастирскиот комплекс Св.Богородица Балаклија

Во прегратките на манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“, денес христијанските верници од Пијанец го одржаа традиционалниот црковно-народен собир во чест на празникот Источен петок Балаклија. Според зборовите на протоереј Александар Васев, на овој празник и се оддава чест на божјата мајка, бидејки по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.
 
-Ова е првиот празник по Велигден, посветен на пресвета Богородица, кој се празнува уште од V (петти) век. Овде на манастирскиот комплекс „Балаклија“ од дамнина се слави овој празник. Во ендекот на црквата се наоѓа чешма за која се верува дека е лековита и освен делчевци ова место го посетуваат верници од многу краишта на Македонија, истакна Васев.
 
Денес за посетителите беа подготвени осум котли со вкусна манастирска манџа, која и годинава, како што рече поранешниот готвач Иван Андонов, имаше посебен вкус.
 
-Тајната на манастирската манџа е во тоа што се ставаат сите мирудии како и кај манџата која се подготвува дома, со таа разлика што ручекот овде е благословен, миросан и можеби токму во тоа е тајната, вели Андонов.

Црковно народен собир денес се одржа и кај месноста Свети води во село Тработивиште.

Од денешниот црковно народен собир кај месноста Свети води во село Тработивиште

Posted by delcevo365.mk on Friday, May 3, 2019

Инаку, Источен петок – Балаклија според христијанските верувања е празник кој спаѓа во Светлата недела, поради што е и наречен Светол Петок, а некаде може да се сретне под името Благ Петок.

Фото: Од денешното одбележување на празникот Источен петок – Балаклија

Posted by delcevo365.mk on Friday, May 3, 2019

Црковно народен собир на манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“

Црковно народен собир на манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“

Posted by delcevo365.mk on Friday, May 3, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*