Видео: Објавен конкурсот за избор на младоженци на Пијанечко-малешевската свадба

Распишан конкурсот за избор на младоженци за овогодишното издание на Пијанечко-малешевската свадба. Како што информираше организаторот Зенил Реџепов, инаку координатор на Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“, годинава свадбата ќе се одржи по 13 пат.
 
-Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево годинава навршува 45 години од своето 45 постоење. По тој повод, а како дел од програмските активности на друштвото, веќе е распишан огласот за избор на брачен пар за 13 издание на манифестацијата Пијанечко-малешевска свадба. Ова е манифестација која се реализира во функција на туристичка понуда во регионот, а како дел од Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево фест 2019“, соопшти Реџепов
 
Додава дека конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето и ќе трае до крајот на месец мај.
 
Еден од основните услови на конкурсот за учество на Пијанечко-малешевската свадба е еден од младоженците да потекнува од Пијанечко-малешевскиот регион, да достават мотивациско писмо за учество, да имаат склучено правен брак, а доколку тоа го немаат направено, како што дополнија од КУД „Гоце Делчев“, тоа да го направат за време на манифестацијата. Пијанечко-малешевската свадба во функција на туристичка понуда на регионот ќе се одржи во месец септември.

Објавен огласот за избор на младоженци за манифестацијата Пијанечко-малешевска свадба

Објавен огласот за избор на младоженци за манифестацијата Пијанечко-малешевска свадба

Posted by delcevo365.mk on Saturday, May 4, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*