Убедлива победа на кадетките на РК „Делчево“

Со убедлива победа над екипата на Кожувчанка, кадетките на РК Делчево денес имаа одлична увертира пред утрешниот решавачки дуел во пионерска конкуренција кој со почеток во 11 часот делчевки ќе го одиграат против екипата на Металург од Скопје.

Што се однесува до денешниот натпревар, кадетките на Горан Велков беа подобри во секој дел од ракометната игра со што бодовите заслужено остануваат во Делчево.

Како што спомнавме во 11 часот утре е мега пресметката со екипата на Металург од Скопје, а утре во 16 и 30 својот натпревар ќе го одиграат и ракометарките на РК „Брегалница Плус“.

Сегменти од денешниот натпревар помеѓу кадетките на РК „Делчево“ и РК „Кожувчанка“

Сегменти од денешниот натпревар помеѓу кадетките на РК „Делчево“ и РК „Кожувчанка“

Posted by delcevo365.mk on Saturday, May 4, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*