До 10 часот во Делчево излезност од 11,6 проценти

До 10 часот, 11,6 проценти од регистрираните гласачи кои се регистрирани во избирачкиот список го оствариле своето право на глас на 36 избирачки места во Делчево.

-Гласањето почна навреме и се одвива без проблеми. На територијата на општина Делчево на 36 избирачки места заклучно со 10 часот гласале 1711 гласач од 14.673, истакна заменик претседателот на ОИК – Делчево, Анка Христова.

На вчерашното гласање додава Христова, од 236 пријавени болни и изнемоштени лица гласале 219 лица, додека 17 не биле пронајдени во сопствените домови.

Во Македонска Каменица до 10 часот во рамки на денешниот изборен ден од 6619 евидентирани гласачи своето право на глас го оствариле 9,5 проценти од гласачите.

-Гласањето започна навреме во сите избирачки места. Досега немаме никакви проблеми, а до 10 часот, 629 гласачи или 9,5 проценти го оствариле своето право на глас, соопшти Сања Митревска, претседателка на Општинската изборна комисија од Македонска Каменица.

Во Македонска Каменица додава, вчера гласале вкупно 33 болни и немоќни лица, од вкупно 36 пријавени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*