Заврши изборниот процес во четирите општини на крајниот Исток

Изборниот ден во четирите општини од крајниот исток на државата заврши во мирна и демократска атмосфера. Во Делчево според информациите кои ни ги соопшти заменик претседателката на ОИК, Анка Христова до 18:30 часот во мирна и демократска атмосфера своето право на глас го оствариле 8440 гласачи.
 
 
-Денеска гласањето за Претседателските избори започна точно во 7 часот и се одвиваше во мирна и демократска атмосфера. Од вкупно 14.673 гласачи до 18:30 гласаа 8440 лица или 57,15 проценти од гласачкото тело во Делчево, рече Христова.
 
Сања Митревска, претседател на Оптшинската изборна комисија потврди дека гласањето во Македонска Каменица се одвивало во мирна и демократска атмосфера, со тоа што во оваа општина на Претседателските избори излегле 48,95 проценти од гласачите.
 
-До 18:30 часот заклучно со последниот пресек во Македонска Каменица гласале 48,95 проценти или 3781 гласачи од вкупно евидентираните 6619 гласачи. Проблеми во текот на гласањето не беа забележани, рече Митревска.
 
Најголема излезност за Претседателските избори во четирите општини на крајниот исток од државата е забележана во Пехчево. Како што соопшти Горан Котевски од тамошната општинска изборна комисија до 18:30 гласале 63,7 проценти од евидентираните гласачи.
 
-На 9 избирачки места до 18:30 часот на Претседателските избори гласаа 2627 лица ,односно 63,7 проценти од вкупно 4121 гласачи, информираше Котевски.
 
Според информацијата на Мишо Догазански од ОИК во Берово таму својот глас за еден од кандидатите на претседателските избори го дале 62 проценти од граѓаните кои гласале на изборите до 18:30 часот.
 
-Во Берово 6742 граѓани го оствариле своето право на глас до 18:30 часот или во проценти вкупно 62%. Во Берово во избирачкиот список беа евидентирани 10.983 лица, соопшти Догазански.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*