Делчевските “олдтајмерџии” дел од 16-тата изложба на олдтајмери во Благоевград

По одлично организираното 4-то Ретрокар шоу во Делчево, членовите на здружението ,,King’s of the roads” се подготвуваат за учество на 16-то Ретрокар шоу кое оваа сабота ќе се одржи во Благоевград, Р. Бугарија. Сите кои имаат желба да учествуваат можат да се пријават кај претседателот на делчевското здружение Лоренцо Трајановски.

-Ние сме редовни учесници на овој настан, бидејки тоа е одлична прилика да запознаваме нови пријателства, да научиме некои нови искуства со што ќе го шириме пријателството меѓу љубителите на стари автомобили од цел Балкан, па и пошироко. Сите оние кои сакаат да учествуваат на Ретрокар шоуто нека ме контактираат за да можеме навреме да ја поднесеме пријавата за учество.

На фотографијата подолу може да се погледне нешто повеќе околу самиот настан кој по 16-ти пат ќе се одржи во Благоевград, Р.Бугарија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*