Празник на ракометот оваа сабота во Делчево. Ќе се игра Ф-4 турнирот за пионерки

По пласманот меѓу најдобрите четири екипи, РК „Делчево“ во сабота ќе биде домаќин на Ф-4 турнирот во женска пионерска конкуренција. Ракометната федерација даде зелено светло за организацијата на завршните натпревари во Делчево, а веднаш потоа се изврши и жрепка за полуфиналните натпревари кои оваа сабота ќе се играат во Делчево.

Во првиот натпревар најпрвин со почеток во 10:30 часот, домашната екипа на РК „Делчево“ ќе се сретне со екипата на Стружанка, додека во вториот натпревар кој ќе се одигра во 12:00 часот, силите ќе ги одмерат екипите на Вардар Скопје и Сани од Охрид.

Победниците од двата натпревари ќе играат во финалето кое е закажано за 18 часот, додека натпреварот за трето место е закажан за 16:30 часот.

Како увертира пред Ф-4 натпревари во продолжение погледнете го последниот натпревар во пионерките на РК Делчево ја надиграа екипата на Металург, со кој најавија дека на претстојните Ф-4 натпревари може да очекуваме супер натпревари и да застанеме највисоко на пиедесталот. За тоа да се случи ќе биде потребна и огромна поддршка од публиката која оваа сабота нема сомнение дека до последно место ќе ја исполни салата во гимназијата Методи Митевски Брицо и ќе ужива во претстојниот празник на ракометот во Делчево.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*