„Копачка“ доби почесна „Грамота“ за настапот во Спатово

Фолклорната група „Копачка“ од с. Драмче, Делчево, доби Диплома за настапот во соседна Бугарија, каде по повод традиционалниот настан кој по 10 пати се одржа во село Спатово, општина Сандански, учествуваше на манифестацијата „Ѓурѓовден 2019“.

Според Перса Стојановска секретар на Групата, настапот има посебно значење, бидејќи оваа традиционална културна манифестација во соседна Бугарија ја чува и негува Ѓуровденската традиција од Пиринскиот дел на Македонија.

-Настапот на сите фолклорни друштва се одвива пред очите на многу добри познавачи на изворниот фолклор, а ние покрај со орото „Копачка“ настапивме и со други пијанечки изворни ора по што настанот прерасна во општонародна веселба, рече Стојановска.

Потенцираше дека настапот на орото „Копачката“, како светско културно наследство заштитено од УНЕСКО, беше проследен со големо внимание од публиката.

-Ова гостување го реализираме на покана од нашите повеќегодишни драги соработници на полето на негувањето на етнокултурата и изворниот фолкор фондацијата „Леб и вино“ од Сандански и читалиште „Георги Попиванов“ од село Спатово, додаде Стојановска.

Од Копачка упатија благодарност до организаторите за поканата и прекрасно срочениот настан како и до Министерството за култура за финансиската поддршка за реализирањето на ова гостување.

Еве мал колаж од фотографии со кои го доловуваме настапот на „Копачка“ во Спатово, општина Сандански.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*