Снегот се врати на Голак!

Снегот од синоќа повторно се врати на Голак. Иако со релативно мала снежна покривка сепак доволно да предизвика неверување кај жителите на Делчево, кои не паметат кога последен пат паѓал снег во месец мај.
 
Вработени во делчевското шумско претпријатие  кои посведочија за новата снежна покривка на планината Голак, не паметат кога последен пат на Голак паѓал снег во месец мај.
 
-Имало случаи кога пред десетина години паѓал снег во месец април, но во месец мај тоа било реткост. Снежната покривка не е голема, но доволна да предизвика измрзнување на некои растителни видови, велат вработените во Шумско стопанство.
 
Дека мајската снежна покривка ќе влијае на биодиверзитетот и големиот број на растенија, кои се карактеристични само за пределите на Голак и Влаина потврдува и откупувачите на шумски плодови,  кои се децидни дека тоа ќе предизвика намалување на количините на одредени растенија за кои моментално се врши откуп.
 
-Знаеме сите дека снегот во мај не може да донесе ништо добро, освен што можеби ќе настрадаат одредени овошки, тоа ќе влијае и на биодоверзитетот, така што одредени растенија кои при крајот на месец мај требаше да бидат во својот најголем цут, сега ќе претрпат штети, што значи дека ќе има намален откуп. Се работи претежно за растенија кои по откупот се употребуваат во фармацевтската индустрија. Со ова сега нема да можеме да одговориме на нивните барања за откуп, велат делчевските откупувачи на шумски плодови.
 
Поради снегот од утрово во Пијанец се забележливи и пониски температури од вообичаено.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*