Со победата над Спортисимо во Кавадарци, ЖКК „Клубски Патриот“ се пласираше на завршниот Ф-4 турнир во Скопје за девојчиња до 14 години. Завршниот турнир ќе се игра при крај на месецот во скопје, а освен Клубски Патриот на завршниот турнир ќе учествуваат и екипите на Бадел, Крива Паланка а последниот патник ќе се знае овој викенд.
Освен тоа екипата на ЖКК „Клубски Патриот“ со победа го заврши последното коло во женската прволигашка конкуренција што беше доволен повод да направиме краток разговор за очекувањата со тренерот на екипата Љупчо Петровски – Клубски кој се заблагодари на играчите, на нивните родители и на спонзорот Агенција за обезбедување Алдо Патриот од Делчево, без кои како што рече Петровски екипата немаше да обезбеди пласман меѓу најдобрите 4 во Македонија.
Во продолжение изјавата на Петровски.
Leave a Reply