Зорица Нушева со награда за најдобра женска улога на Dea Film Festival во Тирана

Господ постои, името и е Петрунија, филм во кој главната улога ја толкува делчевката Зорица Нушева се закити со уште две награди.

Филмот ги освои наградите за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева за нејзината восхитувачка интерпретација на Петрунија на Dea Film Festival во Тирана.

Честитки за освоената награда за Зорица која ја очекуваме во Делчево на премиерата на “Господ постои, името и е Петрунија” која е закажана кон крајот на месецот во делчевската кино сала.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*