Почитувани граѓани, Гоце Лефков од село Луковица, Македонска Каменица боледува од tu cerebri teg temporalis sin или тумор на мозокот, за што мораше итно да биде подложен на операција во болницата Систина. Гоце Лефков е невработен и потекнува од семејство со скромни примања и не е во можност во целост да ги обезбеди финансиските средства потребни за операцијата која чини околу 5000 евра. Истовремено на Гоце Лефков ќе му бидат потребни и финансиски средства за постоперативно лекување. Затоа Гоце Лефков ги замолува хуманите граѓани да донираат и да му помогнат да го преброди овој за него мошне тежок период. Знаејки колку граѓаните помогнале во многу ситуации, Гоце Лефков однапред ви се заблагодарува.
Сметка за донации: 300057101932294 – Комерцијална банка АД Скопје.
Телефон за донации – 070-143-424
За операцијата на Гоце Лефков може да донирате преку настанот за донирање на фејсбук ТУКА
Leave a Reply