Делчевецот Јован Илиевски кој е еден од најдобрите пливачи во младинска категорија во Италија се наоѓа во Кавала Грција каде од денес до 12 мај ќе биде учесник на Балканскиот младински шампионат кој се одржува во Кавала, Грција.
Илиевски при крајот на март доби повик од Александар Маленко, претседател на пливачката федерација по што откако го потврди својот настап се најде на листата на учесници на Балканијадата во Кавала.
Стискаме палци за младиот Илиевски на кој му посакуваме уште многу вакви натпревари со македонската репрезентација.
Leave a Reply