Сараевскиот циркус ги насмеа најмалите делчевчани

За најмалите делчевчани било каков настан поврзан со зборот „циркус“ отсекогаш предизвикувал внимание, па така беше и вечерва. Тие уживаа во магичното шоу на „Зубек и пријателите“ и циркусот од Сараево кој успеа да ги насмее и да го задри нивното внимание за време на целиот настап на неколкуте циркузанти и нивните точки.

Меѓу изведувачите беше и Мирсад Ахметовиќ од Сараево, кој повеќе од 30 години го подготвува таканареченото „Магично шоу“.

-Јас сум Мирсад Ахметовиќ, ме викаат Зубек, доаѓа, од Сараево и вечерва со останатиот дел од циркусот се претставивме со неколку точки меѓу кои кловноци, магионичари, Чарли Чаплин, зајче од шешир, голуби и друго. Ова го работам откако знам за себе, одиме насекаде со циркусот, низ сите земји од бивша Југославија, во Макеоднија сум по 2 пат, истакна Ахметовиќ.

Најголем интерес кај дечињата предизвикаа точката со змии. На дечињата им беше дозволено да се сликаат со нив, но како и кај секое дете остана мистеријата дали змиите се вистински или не.

Еве дел од вечерашниот настап на Зубек и пријателите.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*