Се е подготвено за утрешниот ракометен спектакл во Делчево

Во спортската сала „М.М.Брицо“, утре, сабота 11 мај 2019, со почеток во 10:30 часот започнуваат  „Final 4“ натпреварите во женски ракомет. Во првиот натпревар екипата на РК „Делчево“ се среќава со екипата на Стружанка, додека во вториот од 12 часот играат пионерките на РК „Вардар“ Скопје и РК „Сани“ од Охрид.

Теодора Тодоровска е ракометарка која 4 години тренира во клубот и за утрешното полуфинале со Стружанка ја побара подддршката од публиката.

-Јас тренирам во РК „Делчево“ 4 години, утре играме полуфинале со ракометниот клуб на Стружанка. За да влеземе во финале ни треба нашиот осми играч,а тоа е публиката, дојдете да не бодрите, ни треба вашата помош, рече Тодоровска.

За тренерот на екипата Горан Велков, утрешниот  Final 4 е празник на ракометот за градот Делчево.

-После победата над конкурентот Металург, имавме ф-4 конкурс на кој нашиот град беше избран за домаќин на овие  натпревари. Во тој контекст утре турнирот започнува во 10:30 со нашиот дуел со Стружанка, а потоа од 12 се среќаваат екипите на Вардар и Сани. Натпреварот за трето место е закажан за 16:30, додека финалето е од 18 часот. Се надеваме на добра посетеност, на добра поддршка од нашата публика, нашата екипа е подготвена за успеси. Се надеваме дека ќе го обелиме образот на градот, се надеваме исто така дека ќе постигнеме успех кој  во овие девет години, колку што постои клубот. ќе биде најголем.

Завршниот турнир РК „Делчево“ го организира со поддршка на спонзорите и општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*