Остануваат уште само 3 дена за сите оние кои сакаат да се пријават за учество на 4-тата улична трка во Делчево која и годинава ќе се одржи по повод патронот на градот Делчево 24 Мај – Ден на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“.
Оваа година уличната трка е со мотото „Трчај, оди-цело семејство здрав живот води!“
За трката за деца до 9 год. (односно трето одделение) децата трчаат во придружба со родител.
На слободната трка може да се пријават сите заинтересирани кои не се спаѓааат во категориите на претходните трки (пензионери, екипи од институции или фабрики…).
Пријавувањето се врши ИСКЛУЧИВО по електронски пат НАЈДОЦНА до 15 мај, 2019 год.
Секој пријавен има право да учествува само на ЕДНА трка!
Стартните броеви ќе се подигаат од 16-21 мај, 2019 год, а за местото на подигање ќе бидете дополнително известени!
Пријавете се тука, како и со кликнување на официјалното лого на трката на банерот кој е поставен десно на нашата веб-страница.
Во очекување на вашите пријави се потсетуваме на првата трка која пред 4 години се одржа низ улиците на градот Делчево.
Leave a Reply