Здружението на медицински сестри од Делчево ја избра најхуманата медицинска сестра за изминатата година. Наградата која се доделува во чест на Меѓународниот ден на сестринството кој се одбележува во недела, замина во рацете на Јулијана Димитровска, вработено лице во ЈУЗД „Гоце Делчев“ од Делчево кое во текот на изминатата година, според членовите на здружението, даде најголем придонес во насока на справување со предизвиците со кои се соочуваат медицинските сестри за време на извршувањето на своите работни обврски.

-Голема благодарност на здружението за наградата што ми ја додели, како и до моите колешки, за вниманието и довербата што ми ја дадоа. Им посакувам да дочекаат вакви или уште поголеми награди, а упатувам благодарност и до директорката која секогаш не поддржува во нашата работа, истакна наградената Димитровска.

Честитајки и за наградата, директорката Мара Глигорова, на најхуманата медицинска сестра од Делчево и посака и понатаму да продолжи да биде пример за помладите.

-Иако сите се добри и хумани, Јулијана Димитровска е сестра која над 30 години е дел од нашата установа, праведна е, скромна, секогаш со пациентите праведно се однесува, така што, сметам дека оваа награда е заслужена, истакна директорката на установата Мара Глигорова.

Во делчевската здравствена установа во чиј состав спаѓа и клонот во Македонска Каменица, моментално работат околу 70 медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри, а неофицијално во Република Македонија има помеѓу 7 и 8 илјади медицински сестри.


Leave a Reply