Добар натпревар на РК ,,Брегалница плус” против Струма

Женската кадетска екипа на Ракометниот клуб ,,Брегалница плус” со пораз се враќа од Струмица во рамки на денес одиграниот натпревар против екипата на Струма.

Според информациите кои ги добивме од ракометарките, натпреварот бил неизвесен до пред самиот крај на натпреварот. При водство на Струма од 21:18 делчевки имале три стопроцентни шанси кои за жал не биле реализирани при што домаќинките го казниле пропуштеното и натпреварот со 26:19 го завршиле во своја корист.

Од стручниот на нашата екипа изразија задоволство што играта била далеку подобра од есенскиот дел што дава надеж за уште подобра игра во понатамошниот дел од сезоната.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*