Рекордни 24 гола на Мирче Ѓеоргиев на дуелот против РК „Прилеп“

Ракометарот на РК „Делчево“, Мирче Ѓеоргиев, денес постави личен рекорд. Ѓеоргиев постигна неверојатни 24 погодоци против лидерот во кадетска конкуренција, екипата на РК „Прилеп“.

Иако натпреварот го добија прилепчани со 33:38, Мирче Ѓеоргиев беше најзаслужниот што во второто полувреме екипата од Делчево го одигра најдоброто второ полувреме оваа сезона.

Прекрасната игра која ја прикажаа делчевци во второто полувреме предизвика вистинска еуфорија меѓу публиката која уживаше во погодоците на Ѓеоргиев и другите атрактивни потези на делчевските кадети.

Големо признание до Ѓеоргиев за неговиот личен рекорд и играта која ја прикажа, која сигурно ќе биде пример за младите генерации кои допрва чукаат на вратата на кадетскиот состав. Честитки до сите ракометари кои лавовски се бореа и кои за денешното залагање заслужија чиста „10“ ка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*