Сите оние кои не успеаа да го проследат Ф-4 турнирот во ракомет за пионерки, натпреварите можат да ги погледнат на линковите подолу.
Во натпреварот за трето место, пионерките на РК „Делчево“ ја совладаа екипата на „Сани“ од Охрид, возбудлив натпревар кој вреди да се погледне.
Финалниот натпревар во кој се сретнаа екипите на РК „Вардар“ од Скопје и РК „Стружанка“ исто така донесе многу возбудувања, со среќен епилог за ракометарките на РК „Вардар“ кои го освоија златниот медал, кој беше прв на тренерот на екипата Анџела Платон.
Финалето и доделувањето на наградите погледнете ги во продолжение.
Leave a Reply